Тренчовски: Испишавме историја, пеналите се лотарија...

Куп-финалето меѓу Академија Пандев и Македонија ЃП имаше инфаркт-завршница, во која на крајот сепак на трофејот се радуваа струмичани. Тренерот Југослав Тренчовски не го криеше воодушевувањето од испишаната историја со својот клуб.

Ова е голем ден за Академија Пандев, првпат во историјата го освоивме трофејот во Купот на Македонија. Честитки за фудбалерите, одигравме квалитетно финале, покажавме карактер и голема желба за триумф. Се играше отворен фудбал, беа постигнати четири гола, а пеналите се лотарија, имавме подобра концентрација и се разбира, среќа. На најдобар начин ја заокруживме оваа сезона“, изјави тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Лавовите“ ремизираа (1-1) со Локомотив Пловдив.... (ВИДЕО)
25.06.2019
Подготвувајќи се за настапите во квалификациите за Лига Европа, фудбалерите на Македонија ЃП ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар против Локомотив Пловдив.
Види детали