Стјепановиќ: Имаме многу искусни фудбалери кои знаат како се доаѓа до трофеј!

Повеќе од позитивно е расположението во редовите на Македонија ЃП пред утрешното финале од Купот на Македонија против Академија Пандев.

Поранешниот македонски репрезентативец Остоја Стјепановиќ потенцира дека постои огромен мотив меѓу „лавовите“ да се дојде до победата....

„Сакаме да го вратиме куп трофејот повторно во Ѓорче Петров. Имаме исцрпувачка сезона зад нас, но овде се се заборава на вакви дуели и сигурно ќе дадеме се од себе да стигнеме до победата. Има многу искусни фудбалери во редовите на нашиот тим кои знаат како треба да се однесуваат на вакви дуели и кои верувам може да донесат трофеј“ – вели Стјепановиќ.

Македонија ЃП во својата историја има две финалиња во Купот на Македонија. Славеше во сезоната 2005/06 против Шкендија, а во сезоната 2008/09 по изведување на пенали загуби од Работнички.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Лавовите“ ремизираа (1-1) со Локомотив Пловдив.... (ВИДЕО)
25.06.2019
Подготвувајќи се за настапите во квалификациите за Лига Европа, фудбалерите на Македонија ЃП ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар против Локомотив Пловдив.
Види детали