Лион доминираше против Барселона во финалето на ЛШ, Андонова остана резерва

Наташа Андонова и Барселона останаа без трофеј во дебитанскиот настап во финалето на Лигата на шампионките. Лион беше доминантен и славеше со 4-1 во финалната пресметка во Будимпешта. 

Францускиот тим кој цела деценија е меѓу најдобрите во женскиот европски клупски фудбал, беше немилосрден и работата ја заврши по едно полувреме. 

Првата освојувачка на „Златната топка“, Ада Хегерберг беше незадржлива за одбраната на Барселона. Таа постигна хет - трик, а серијата голови ја отвори Марошан. Барселона стигна до почесен погодок во финишот од мечот преку Ошоала во 89.минута.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Лавовите“ ремизираа (1-1) со Локомотив Пловдив.... (ВИДЕО)
25.06.2019
Подготвувајќи се за настапите во квалификациите за Лига Европа, фудбалерите на Македонија ЃП ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар против Локомотив Пловдив.
Види детали