Финалните натпревари од Купот на Македонија во младинска конкуренција ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје

Фудбалската федерација на Македонија ќе ги организира финалните натпревари од Купот на Македонија за млади категории на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Првично, финалните натпревари од Купот на Македонија во пет конкуренции за млади категории беа закажани на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, но по барање на младинската комисија во рамки на ФФМ, Комитетот за итност донесе одлука сите финални дуели од Купот на Македонија во млади категории да се одиграат во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Термините за одигрување на натпреварите остануваат исти.

Помлади петлиња (2005)ФК ВАРДАР - ФК КУЛ ЗДРАВЈЕ, 20. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;

Петлиња (2004): ФК ШКЕНДИЈА - ФК ВАРДАР, 20. мај, 17:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;

Кадети: ФК РАБОТНИЧКИ - ФК ШКЕНДИЈА, 21. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;

Младинци: ФК ШКЕНДИЈА - ФК ВАРДАР, 21. мај, 17:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;

Пионери: ФК ПОБЕДА - ФК ЊУ СТАРС, 22. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;

Помлади пионери: ФК.АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - ФК ВАРДАР, 29. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;

Жени: 23. мај, 17:00, стадион„Никола Мантов“, Кочани;

Футсал: 01. јуни, 18:00, спортска сала „Јасмин“, Кавадарци;
 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ќе се вратат ли насмевките во Шкендија? По триумф против Македонија ЃП
25.08.2019
Шкендија е со очаен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, два порази во првите две кола, па затоа и нема друг избор освен да атакува на прв триумф на денешниот дуел од 3. коло против Македонија ЃП во Тетово. Слабата реализација на шансите е главната причина за лошите резултати на Шкендија, ќе мора овој сегмент значително да го попр
Види детали