Фиорентина прва со понуда за Несторовски

Илија Несторовски повторно се наоѓа во центарот на италијанската фудбалска берза, откако македонскиот голгетер стана достапен по намалена цена по испаѓањето на Палермо во „Серија Ц“. Нестор-гол сакаше да помогне тимот да се врати во елитното друштво, но откако административно Палермо беше преселен во третата лига, јасно е дека тој ќе биде меѓу првите што летово ќе ги промени клуските бои.

Фиорентина е најконкретна во обидите да го ангажира Несторовски, откако „виолетовите“ веќе подготвиле понуда што планираат да ја испратат до крајот на оваа седмица. Целта на директорот Корвино е јасна, да го осигура потписот на Несторовски за сума од околу 2,5 милиони евра, многу пониска од онаа што Зампарини ја бараше за Македонецот во последните две години. Во Фиорентина се свесни дека во трката ќе се вклучат уште неколку клубови, па токму затоа „виолетовите“ ќе се обидат целиот трансфер да го комплетираат уште додека трае актуелната сезона.

Покрај Несторовски, од Палермо дефинитивно ќе си замине и Александар Трајковски, за кого интерес покажуваат неколку екипи од Италија, Белгија и од Холандија.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ќе се вратат ли насмевките во Шкендија? По триумф против Македонија ЃП
25.08.2019
Шкендија е со очаен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, два порази во првите две кола, па затоа и нема друг избор освен да атакува на прв триумф на денешниот дуел од 3. коло против Македонија ЃП во Тетово. Слабата реализација на шансите е главната причина за лошите резултати на Шкендија, ќе мора овој сегмент значително да го попр
Види детали