НАЈДОБАР ИГРАЧ НА 34.КОЛО: КРИСТИЈАН АЦКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Работнички по пет кола се израдува на важен триумф, а еден од творците на успехот беше младиот играч за врска Кристијан Ацковски. 21-годишниот играч од средниот ред блескаше во маневарот како креатор на играта, а успеа да се запише и во листата на стрелците потврдувајќи ја победата. Со својата игра заслужи да биде прогласен за најдобар играч во 34.коло од Првата фудбалска лига, во изборот на МАКФУДБАЛ

Работнички по овој триумф речиси ги разреши дилемите околу опстанокот, а се уште се надева и на освојување на четвртото место на табелата кое може да донесе и излез на европска сцена, доколку Академија Пандев го освои Купот на Македонија.         

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Џеват Елмас: За иднината на Елиф ќе одлучиме заедно со Фенербахче
24.05.2019
Во врска со големиот медиумски интерес околу можниот трансфер на Елиф Елмас и многуте шпекулации во јавноста, за првпат во јавноста, во официјален разговор за МАКФУДБАЛ се огласи неговиот татко и официјален агент г-дин Џеват Елмас.
Види детали