Илијоски: Многу важна победа, сега пак размислуваме и за Европа

Работнички оствари значаен триумф (2-0) против Македонија ЃП, тимот реагираше најдобро кога беше најпотребно и повторно размислува за четвртото место кое можеби ќе донесе и излез во Европа. 

„Полесно се дише. По подолга пауза остваривме победа, многу значајна за Работнички и позицијата на табелата. Речиси ги разрешивме дилемите околу опстанокот, а пред последните две кола сега повторно размислуваме и за тоа четврто место, кое можеби ќе води и во Лигата на УЕФА. Доколку успееме да славиме и на двата последни меча можеби ќе испадне и одлично за Работнички“, изјави капитенот Баже Илијоски за официјалниот сајт на клубот. 

Во следното 35.коло, Работнички ќе и гостува на Беласица во Струмица. 

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ќе се вратат ли насмевките во Шкендија? По триумф против Македонија ЃП
25.08.2019
Шкендија е со очаен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, два порази во првите две кола, па затоа и нема друг избор освен да атакува на прв триумф на денешниот дуел од 3. коло против Македонија ЃП во Тетово. Слабата реализација на шансите е главната причина за лошите резултати на Шкендија, ќе мора овој сегмент значително да го попр
Види детали