МАКФУДБАЛ - Тим на 34. коло!

Изминатово 34. коло од Првата македонска фудбалска лига значајна победа за Силекс против Вардар со која повторно е на три бода пред Беласица во битката за опстанок. Работнички конечно дојде до триумф со што и натаму се надева и на четвртата позиција на табелата, како и Ренова која ремизираше со Академија Пандев.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 34. коло во Првата лига. 

1. АНДРЕЈА ЕФРЕМОВ (СИЛЕКС)

Повторно сигурен на голот на кратовци кои стигнаа до значаен триумф против Вардар. Празна мрежа за Ефремов што го издвојува во тимот на колото.

2. БАШКИМ ВЕЛИЈА (РЕНОВА)

Квалитетен натпревар за десниот бек на „гипсарите“, сигурен во одбраната и активен во офанзивата во ремито против „пандевци“.

3. МАРИО МАСЛАЌ (БЕЛАСИЦА)

Сигурен во дефанзивата на своја тим, а стрелец и на еден од погодоците за струмичани за реми на гостувањето во Чаир.

4. СРЃАН ДРАШКОВИЌ (СИЛЕКС)

Без грешка во одбраната на кратовци која успеа да заврши натпревар без примен гол против Вардар. 

5. СЕБАСТИЈАН ХЕРЕРА (РАБОТНИЧКИ)

Еден од позабележителните на теренот меѓу „романтичарите“ кои стигнаа конечно до триумф. Во добар дел од мечот постојано активен и во нападот, покрај обврските во дефанзивата.

6. МУХАРЕМ БАЈРАМИ (ШКУПИ)

Капитенот на Шкупи повторно еден од најдобрите на терен. Моторот во играта на чаирчани, сега повторно со погодок во ремито против Беласица.

7. КРИСТИЈАН АЦКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Работнички дојде до триумф со кој останува во игра и за четвртото место на табелата. Ацковски одигра квалитетно во средниот ред, сето тоа заокружено и со погодок во победата над Македонија ЃП.

8. БОБАН ГЕОРГИЕВ (СИЛЕКС)

Творецот на победата на кратовци против Вардар, повеќе од значајна во битката за опстанок. Стрелец на единствениот погодок за три бода на Силекс.

9. ПЕПИ ГЕОРГИЕВ (БЕЛАСИЦА)

Уште еднаш голгетерски расположен, уште еднаш стрелец за Беласица во ремито на гостувањето против Шкупи на Чаир.

10. ШЕФИТ ШЕФИТИ (ШКЕНДИЈА)

Шкендија сосема очекувано стигна до триумф против отпишаната Победа. Шефити двоен стрелец во триумфот од 1-4.

11. ДАНИЕЛ МИЛОВАНОВИЌ (АК. ПАНДЕВ)

„Пандевци“ успеаја да останат непоразени на гостувањето против Ренова во Тетово. Стрелец на единствениот гол за бод - Даниел Миловановиќ.


ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ГОРАН СИМОВ (СИЛЕКС)

Силекс во континуитет бележи позитивни резултати со кои одржува предност пред Беласица во пресрет на последните две кола во лигата. Симов и на дуелот против Вардар со тактичка постановка за триумф со кој кратовци се на добар пат да изборат опстанок во прволигашкото друштво.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Џеват Елмас: За иднината на Елиф ќе одлучиме заедно со Фенербахче
24.05.2019
Во врска со големиот медиумски интерес околу можниот трансфер на Елиф Елмас и многуте шпекулации во јавноста, за првпат во јавноста, во официјален разговор за МАКФУДБАЛ се огласи неговиот татко и официјален агент г-дин Џеват Елмас.
Види детали