Несторовски: Премногу сакав да играм, згрешив што избрзав...

Илија Несторовски не го криеше разочарувањето по најновата повреда што ја заработи на дуелот со Цитадела. Македонецот постигна гол за водство од 1-0, но уште во првото полувреме мораше да биде заменет, па сега ќе мора повторно да паузира од терените.

„Премногу сакав да играм, да помогнам. Бев пресреќен кога дадов гол, но кога се повредив ми стана јасно дека најверојатно згрешив што форсирав толку“ - истакна Несторовски.

Во следните 48 часа се очекуваат и резултатите од новите детални прегледи врз македонскиот голгетер, по што ќе биде јасно дали Несторовски ќе биде подготвен за јунските квалификациски средби на нашиот национален тим со Полска и со Австрија.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ќе се вратат ли насмевките во Шкендија? По триумф против Македонија ЃП
25.08.2019
Шкендија е со очаен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, два порази во првите две кола, па затоа и нема друг избор освен да атакува на прв триумф на денешниот дуел од 3. коло против Македонија ЃП во Тетово. Слабата реализација на шансите е главната причина за лошите резултати на Шкендија, ќе мора овој сегмент значително да го попр
Види детали