Норвежани со едукација за жени-тренери во македонскиот фудбал

Фудбалската Федерција на Македонија врз основа на договор за соработка со Норвешката Фудбалска Федерација (НФФ) во правец на омасовување и развој на женскиот фудбал во Македонија започнува со организација на едукативни, промотивни и активности за зголемување на свеста за женскиот фудбал.

Во таа насока, ФФМ и НФФ во период од две ипол години ќе организираат пет тренерски курсеви за жени со по 24 кандидатки во траење од четири дена и два дополнителни курса за следење на активностите во траење од два дена.

Затоа ФФМ и НФФ отвараат упис на заинтересирани кандидати за учество во тренерските курсеви. Првиот курс ќе се одржи во периодот од 26 – 29 мај, 2019 во Скопје, со активности во Хотел Континетал и Тренинг центарот на ФФМ.

Заинтересираните кандидатки треба да го пополнат барањето во прилог на следната меил адреса: mario.gjurcinovski@ffm.com.mk најдоцна до 17 мај 2019 г.

Врз основа на проектот на НФФ како и самата организација на овие курсеви, секоја од групите треба да брои точно 24 кандидатки, доколку се пријават повеќе од 24, ќе бидат префрлени за следната група која ќе го одржи курсот кон крајот на 2019 година. Курсот е бесплатен за сите а опремата и материјалите што ќе ја добијат кандидатките е донација од НФФ и ФФМ.



Сите кои успешно ќе го завршат курсот ќе добијат сертификат за завршен курс од НФФ а во исто време ќе добијат и информации, насоки  и задачи за активности поврзани со женскиот фудбал кои ќе треба да ги прикажат по завршувањето на активностите а истите ќе треба од страна на тренерите бидат презентирани на двата курса за следење на активностите.

Важна напомена: Курсот е наменет единствено за кандидатки кои немаат посетувано тренерски курсеви во организација на ФФМ.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Тиквеш го доби дербито со Брегалница: Мојсов го освои Штип (ФОТО)
19.09.2019
​Брегалница имаше повеќе од играта со бројни можности за погодок во дерби пресметката од 5. коло во Втората лига - Исток, но сето тоа залудно кога на крајот трите бода од Штип ги носи Тиквеш по триумфот од 0-1 благодарение на погодокот на искусниот Ѓорѓи Мојсов во 72. минута од натпреварот.
Види детали