Наташа Андонова со Барселона ќе игра во финалето на ЛШ

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова со својот тим Барселона ќе игра во финалето на Лигата на шампионките. Барселона на домашен терен и вторпат славеше со минимален резултат 1-0 и успеа да го елиминира германскиот тим Баерн Минхен. Каталонскиот состав во големото финале ќе го очекува победникот од дуелот меѓу женските тимови на Лион и на Челси. 

Стрелец на победничкиот гол за Барселона на денешниот натпревар беше Мариона Калдентеј од пенал во 45.минута.       

Во четвртфиналето, Барселона исто така со две победи го елиминираше норвешкиот клуб Квинер.  

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
На Шкендија и се случи трагедија: Номе Калју ја елиминира од ЛШ
16.07.2019
Требаше да биде убедлива победа, а Шкендија е елиминирана од Номе Калју уште во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Естонскиот првак славеше со 1-2 во Скопје и го надомести поразот (0-1) од Талин.
Види детали