Георгиевски се раздели со Њукасл џетс и продолжува во Сиднеј вондерерс

Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Георгиевски својата кариера ќе ја продолжи во австралискиот прволигаш Сиднеј вондерерс.

По завршувањето на актуелната сезона во Австралија, Георгиевски вчера се раздели со својот досегашен клуб Њукасл џетс одлучувајќи кариерата да ја продолжи во редовите на Сиднеј вондерерс.



31-годишниот Георгиевски, кој има и 22 настапи за сениорската репрезентација на Македонија, претходно има настапи и за Меѓимурје и Шибеник во хрватското првенство, како и за романска Стеауа Букурешт, но и за Мелбурн виктори во шампионатот на Австралија.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
„Лавовите“ ремизираа (1-1) со Локомотив Пловдив.... (ВИДЕО)
25.06.2019
Подготвувајќи се за настапите во квалификациите за Лига Европа, фудбалерите на Македонија ЃП ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар против Локомотив Пловдив.
Види детали