Селекцијата до 18 години ќе одигра два тест дуели со Албанија

Македонската репрезентација до 18 години на 23. и 25. април во Албанија на стадионот на ФК Сопот ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Албанија.

„Ова е прв наш заеднички собир со фудбалерите од генерацијата до 18 години и се надевам дека ќе се претставиме во добро издание. Сигурен сум дека ќе се потрудиме да одиграме максимално одговорно и дисциплинирано, а целта е да оствариме позитивен резултат на двата натпревари. Значајно за нас е да се увериме во квалитетот на фудбалерите, посебно од домашниот шампионат, а исто така очекуваме и играчите кои ќе добијат шанса да го искористат својот момент“ – вели селекторот на македонската репрезентација до 18 години, Шкумбин Арслани.

Натпреварот на 23. април (вторник) започнува во 16 часот, а два дена подоцна дуелот меѓу Албанија и Македонија е закажан во 13 часот.

Селекторот на македонската репрезентација, Шкумбин Арслани за двете пресметки против албанската селекција ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Победа)

Одбрана: Али Асани (Вардар), Бесфорт Арифи (Мастрих, Холандија), Бенјамин Далипи (Хрватски Драговољац, Хрватска), Филип Костовски (Њу Старс), Алтрим Јакупи (Шкендија), Александар Ѓурковски (Вардар), Имран Фетаи (Шкендија), Горазд Стојменов (Њу Старс), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Анатолиј Петејчук (Вардар);

Среден ред: Димитар Тодоровски (Работнички), Редон Ќамили (Шкендија), Лука Станковски (Работнички), Иван Николов (Академија Пандев), Бехар Фета (Њу Старс), Фитон Адеми (Шкендија), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија), Леонид Игњатов (Вардар), Енис Мусаи (Базел, Швајцарија);

Напад: Методи Максимов (Работнички), Азер Омерагиќ (Вардар), Атом Фазлиу (Вардар).

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ќе се вратат ли насмевките во Шкендија? По триумф против Македонија ЃП
25.08.2019
Шкендија е со очаен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, два порази во првите две кола, па затоа и нема друг избор освен да атакува на прв триумф на денешниот дуел од 3. коло против Македонија ЃП во Тетово. Слабата реализација на шансите е главната причина за лошите резултати на Шкендија, ќе мора овој сегмент значително да го попр
Види детали