Ангеловски во посета на повредениот Спировски во Будимпешта

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, отпатува за Будимпешта да му даде поддршка на повредениот Стефан Спировски, интернационалецот кој настапува за Ференцварош, а деновиве го оперираше коленото и го очекува пауза о три месеци. Ангеловски го следеше и натпреварот меѓу Види и Ујпешт, за кои настапуваат Бобан Николов и Кире Ристевски. 

„Репрезентацијата е едно големо семејство, дојдов во Будимпешта да му изразам поддршка на Стефан Спировски од сите репрезентативци и од стручниот штаб. Му посакуваме брзо опоравување, да се врати на терените и повторно да ни биде на располагање во националниот тим. Го следев и натпреварот меѓу Види и Ујпешт, дуелот меѓу тимовите на Бобан Николов и на Кире Ристевски“, изјави селекторот Игор Ангеловски. 

Националниот тим во јуни ќе ги игра следните две квалификациски натпревари, на домашен терен против Полска и против Австрија.   

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Џеват Елмас: За иднината на Елиф ќе одлучиме заедно со Фенербахче
24.05.2019
Во врска со големиот медиумски интерес околу можниот трансфер на Елиф Елмас и многуте шпекулации во јавноста, за првпат во јавноста, во официјален разговор за МАКФУДБАЛ се огласи неговиот татко и официјален агент г-дин Џеват Елмас.
Види детали