Спировски опериран во Белгија, го чека пауза од три месеци: Ќе се вратам уште посилен! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски денеска имаше успешна хируршка интервенција на коленото во Белгија, по која најавена е пауза од фудбалските терени во следните три месеци за фудбалерот на унгарски Ференцварош.

По проблемите со повредата изминатиов период, за Спировски неизбежна беше хируршката интервенција која се реализираше во една од најпрестижните клиники во Европа, како македонскиот фудбалер потоа би можел и во најкратко можен период да се врати на терените.

„Среќен сум што се мина во најдобар ред. Верувам дека ќе се вратам уште посилен на фудбалските терени“ - порачува Стефан Спировски од Белгија.

Спировски ќе мора да го прескокне и јунскиот репрезентативен собир од квалификациите за ЕП 2020, но се очекува да се приклучи на својот тим веднаш на летните подготовки за стартот на следната натпреварувачка сезона.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ќе се вратат ли насмевките во Шкендија? По триумф против Македонија ЃП
25.08.2019
Шкендија е со очаен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, два порази во првите две кола, па затоа и нема друг избор освен да атакува на прв триумф на денешниот дуел од 3. коло против Македонија ЃП во Тетово. Слабата реализација на шансите е главната причина за лошите резултати на Шкендија, ќе мора овој сегмент значително да го попр
Види детали