Македонија скокна три места на ФИФА - листата

Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше три позиции на најновата ранг – листа на ФИФА и сега се наоѓа на 68. позиција. Скокот од три места е поради одличните настапи против Летонија и Словенија во квалификациите за Европското првенство во 2020 години. Избраниците на Игор Ангеловски забележаа победа од 3-1 против Летонија на домашен терен и ремизираа (1-1) на гости против Словенија. Тоа е одличен старт на новиот квалификациски циклус за македонскиот национален тим.

Следниот наш противник во квалификациите, селекцијата на Полска е 20. фудбалска сила во светот, е на 34. позиција на листата на ФИФА.

Словенија се наоѓа на 63. место, додека зад македонската репрезентација се Израел на 84. позиција и Летонија на 133. место.

На врвот на ФИФА ранкингот останува Белгија, пред светскиот шампион Франција и пред Бразил. Англија напредуваше за едно место и сега е четврторангирана, на сметка на Хрватска која доживеа пад од едно место. Во топ 10 уште се наоѓаат и Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ќе се вратат ли насмевките во Шкендија? По триумф против Македонија ЃП
25.08.2019
Шкендија е со очаен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, два порази во првите две кола, па затоа и нема друг избор освен да атакува на прв триумф на денешниот дуел од 3. коло против Македонија ЃП во Тетово. Слабата реализација на шансите е главната причина за лошите резултати на Шкендија, ќе мора овој сегмент значително да го попр
Види детали