Шкендија победнички низ Струмица, Вардар и Работнички неубедливи

Шкендија ја зголеми предноста во однос на Вардар на десет бода позитива, откако го совлада тимот на Академија Пандев со 0-1 во Струмица. Дефанзивецот Висар Муслиу во 30.минута беше стрелец на голот што донесе триумф за тетовци на стадионот „Младост“.  Тој по нафрлувањето од десната страна, со удар со глава ја затресе мрежата на Академија Пандев. Велинов го погоди дирекот од голот на Шкендија во првиот дел.

Вардар одигра без голови против Победа во Охрид. Бразилецот Лира ја имаше најубавата шанса за „црвено-црните“ во 77.минута.



Работнички одиграа 1-1 против Беласица, второ реми под водство на новиот тренер Баже Лазаревски. Беласица поведе со голот на Христијан Денковски во 51.минута, а израмни Николче Шаркоски само четири минути подоцна. 

Ренова славеше против Шкупи со 1-0, а стрелец на голот беше Влатко Стојановски во 45.минута.

Силекс и Македонија ЃП ремизираа 1-1. Христијан Кировски донесе предност за гостите во 41.минута, а израмни Дарко Алексовски од пенал во 66.минута од мечот.                  


ПРВА ЛИГА, 26.КОЛО - РЕЗУЛТАТИ

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - ШКЕНДИЈА 0-1

ПОБЕДА - ВАРДАР 0-0

РАБОТНИЧКИ - БЕЛАСИЦА 1-1

РЕНОВА - ШКУПИ 1-0

СИЛЕКС - МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1 


Табела: Шкендија 59, Вардар 49, Академија Пандев 45 (-1), Ренова 36, Шкупи 33, Работнички 33, Македонија ЃП 31, Силекс 25, Беласица 23, Победа 19.  

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Дарко Чурлинов од јануари ја продолжува кариерата во Штугарт!?
14.12.2019
​Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов и дефинитивно заминува од Келн, пренесуваат дел од германските медиуми.
Види детали