Милевски: Комплексот на пониска вредност е зад нас

Она што беше претходно најавено, денеска се оствари - Боби Милевски се врати на чело на репрезентацијата за играчи до 21 година. Во свој стил, Милевски со оптимизам гледа на претстојниот предизвик, уверен дека и со оваа нова млада генерација може да се бори за пласман на едно Европско Првенство. 

„Не треба да се наметнува притисок врз фудбалерите дека мораат да се пласираат на ЕП, но секогаш мора да се има пред себе цел, а за нас тоа дефинитивно е учество на едно Европско Првенство. Ние не сме Шпанија, Бразил или Германија, но верувам дека го оставивме комплексот на пониска вредност зад нас. Тоа ми е поткрепено и кога ќе ја видам А-селекцијата во која шест играчи се првотимци од оваа селекција и уште тројца се меѓу резервите. Да ги оставиме последните неуспешни квалификации зад нас, моја цел е да градиме фудбалери кои ќе веруваат дека можат да играат на ЕП, а не да играат само за да не бидат поразени“ - истакна Милевски.

Селекторот потенцираше и проблем во мак-фудбалот, недоволната доверба што клубовите ја имаат во младите фудбалери.

„Една работа многу ме разочарува, странци што не се ништо подобри од нашите млади фудбалери добиваат повеќе шанса за докажување во македонските клубови. Тоа е доказ дека не ги цениме доволно своите млади играчи, затоа и реагирам и ќе испратам и конкретен предлог до ФФМ. Мое мислење е дека треба да се промени правилото за настап на фудбалер до 21 година, така што тој млад играч мора да игра минимум едно полувреме, а не како што сме сведоци сега – да се менува голман уште од првата минута“ - порача Боби Милевски.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Ќе се вратат ли насмевките во Шкендија? По триумф против Македонија ЃП
25.08.2019
Шкендија е со очаен старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, два порази во првите две кола, па затоа и нема друг избор освен да атакува на прв триумф на денешниот дуел од 3. коло против Македонија ЃП во Тетово. Слабата реализација на шансите е главната причина за лошите резултати на Шкендија, ќе мора овој сегмент значително да го попр
Види детали