МАКФУДБАЛ - Тим на 15. коло во Втората лига!

Пролетната сезона во двете второлигашки конкуренции почна со неколку изненадувања. Најголемото секако го приреди фенерџијата Каменица Саса кој на домашен терен славеше со 1-0 против еден од најголемите аспиранти за врвот во Втората лига - Исток, екипата на Кит Го. Тиквеш исто така стигна само до реми против Детонит јуниор, а Борец Велес со убедливата победа против Плачковица јасно го трасира патот кон Првата лига. Во Втората лига - Запад дербито меѓу водечките две екипи, Струга ТЛ и Лабуништа заврши без голови, а Пелистер од почеток со триумфот од 2-1 против Велазерими навести дека до крајот на сезоната и тоа како ќе игра значајна улога во битката за една од двете водечки позиции, и покрај заостанувањето по есенскиот дел.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 15. коло од двете второлигашки конкуренции...

1. ДЕЈАН СИЛЈАНОВСКИ (САСА)

Најзаслужниот за триумфот на Каменица Саса против Кит Го. Одличен на голот на домашниот тим со континуирани сигурни интервенции во текот на целиот натпревар. Во финишот сигурни интервенираше при неколку одлични можности на противникот, издржувајќи го максимално константниот притисок на пехчевци.

2. ДАРКО СИМЈАНОСКИ (ЛАБУНИШТА)

Еден од најактивните во тимот на Лабуништа на дербито против Струга ТЛ. Сигурен во дефанзивата, активен и во офанзивните задача со максимална сигурност и во играта како дополнение на средниот ред.

3. ТРАЈЧЕ СТОЈКОВСКИ (БОРЕЦ)

Константен како и во есенскиот дел од шампионатот. Лидер во одбраната на Борец, еден од најдобрите дефанзивци во второлигашката конкуренција.

4. КРИСТИЈАН ДОДЕВСКИ (САСА)

Иако во принцип главно со дефанзивни задача на левата бековска позиција, сепак неизмерно активен и во офанзивата на својот тим. Стрелец на единствениот гол вреден победа за Саса.

5. БЛАГОЈА ЉАМЧЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)

Огромно засилување за битолчани во пролетниот дел од сезоната. Сето тоа веднаш го потврди и на првиот меч, носејќи значајна улога во триумфот на Пелистер партиципирајќи и со погодок за три бода.

6. НИКОЛА ЕФТИНЏИОСКИ (ПАРТИЗАН О.)

Творецот на триумфот на Партизан Обршани против Вардар Неготино. Стрелец на единствениот гол со кој Партизан дојде до трите бода.

7. МУСЛИ ЛИКА (КОРАБИ)

Еден од најдобрите во составот на Кораби на гостувањето против Гоблен јуниор во Куманово. Беспрекорен во средниот ред, активен во нападот, стрелец и на еден од погодоците во победата од 1-3 на неговиот тим.

8. ПЕТАР ЉАМЧЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)

Креатор на играта на „пелистерци“. Со својот гол го скрши отпорот на противникот отворајќи го патот кон првата победа на битолчани во пролетниот дел од сезоната.

9. ФИЛИП ПЕТКОВСКИ (ТЕТЕКС)

Веднаш покажа од колкаво значење ќе биде за Тетекс во трката по опстанок во второлигашката конкуренција. „Штофарите“ дојдоа до повеќе од значајна победа против Гостивар во полошката пресметка, и тоа благодарание на погодокот на Филип Петковски.

10. МАРКО ЃОРЃИЕВСКИ (БОРЕЦ)

Младиот офанзивец беше двоен стрелец за Борец Велес во победата од 3-0 против Плачковица. Сето тоа доволно зборува за максимално одработената своја голгетерска задача.

11. АЛЕКСАНДАР ЦЕЛЕСКИ (КОРАБИ)

Најдобриот стрелец во Втората лига - Запад уште еднаш ги покажа своите голгетерски способности и во победата од 1-3 на Кораби на гостувањето во Куманово.


ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЈОВИЦА КНЕЖЕВИЌ (ТЕТЕКС)

Новиот стратег на „штофарите“ успеа во зимскиот подготвителен период да креира тим кој од самиот старт на сезоната покажа дека нема така лесно да се откаже од опстанокот во Втората лига - Запад. Тетекс во првото пролетно коло успеа да стигне до значајна победа против фаворизираниот Гостивар. Кнежевиќ постави игра која очигледно луцидно водеше кон трите бода кои тетовци, на крајот, сосема заслужено ги оставија.

Поврзани вести

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Андрески: Работнички да тргне напред уште од Чаир
22.10.2019
Работнички утре (14.30 часот) ќе му гостува на Шкупи во Чаир, а новиот тренер Марјан Андрески ќе го има дебито како шеф на стручниот штаб. По поразот од Струга Трим Лум, Александар Влахо понуди оставка која беше прифатена од раководството, а промената на клупата треба да претставува еден вид шок-терапија за фудбалерите.
Види детали