КОМПЛЕТНА ТРАНСФЕР ЛИСТА ОД ВТОРАТА ЛИГА - ИСТОК: Борец, Кит Го и Тиквеш во трка за првите две места!

Повеќе од интересна пролет ја очекува „источната страна“ од македонската второлигашка конкуренција, ако се суди според амбициите на пет клуба во битката за првите две позиции на табелата.

Велешки Борец, Кит Го од Пехчево, Тиквеш од Кавадарци, Кожуф и штипска Брегалница дефинитивно негуваат амбиции за првите две места во Втората лига - Исток кои носат надеж за промоција во елитното друштво од следната сезона. Токму затоа и засилувањата во зимскиот преоден рок, пред утрешниот старт на пролетта, се најочигледни во овие пет клуба, иако во овој преоден рок сериозно се подновија и Каменица Саса и Детонит јуниор од Радовиш.

Факт е дека, согласно пазарот зимава, се издвојува Кит Го од Пехчево кој своите редови ги засили со неколку докажани прволигашки имиња меѓу кои поранешниот напаѓач на Вардар, Антонио Бујчевски, како и Благој Гуцев кој пристигна од косовска Трепча но и Александар Пановски од Силекс. Сето тоа јасно навестува дека пехчевци атакуваат на првите две места. Во очигледна предност за првата позиција секако е Борец Велес, кој и наспроти бодовното салдо во плус во однос на конкурентите, зимава ангажираше и неколку докажани фудбалери меѓу кои Филип Петров и Оливер Стоименовски кои треба да донесат сериозна свежина.

Кога ќе се сумираат сите трансфери, во Втората лига - Исток во зимскиот преоден рок 2018/2019, ФК Детонит јуниор донесе најмногу нови фудбалери - девет, а најголем број, пак, заминаа од ФК Каменица Саса - 15...

Поврзани вести

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Велковски: Сега на победа против Израел за успешен крај на квалификациите
17.11.2019
​Поразот од Австрија можеби беше „очекуван“, а сега следи дуелот што на Македонија може да и го донесе третото место во квалификациската група, во вторник против Израел во Скопје. Триумф над Израелците и победа на Полска над Словенија за нашиот национален тим ќе значи и најдобар пласман во еден квалификациски циклус.
Види детали