Иван Тричковски

Иван Тричковски


 Дата на раѓање: 18.04.1987 во Скопје
 Години: 31
 Позиција: Напад 

 Висина: 182 cm
 Актуелен клуб: ФК АЕК Ларнака, Кипар
 Договор: 30.06.2020

==================================

Иван Тричковски е еден од најдобрите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал. Офанзивецот кој потекнува од школата на Вардар зад себе има веќе извонредна кариера која го издвојува како една од најзабележителните фигури на нашата фудбалска сцена. Настапите за белградска Црвена Звезда, Енозис и АПОЕЛ во Кипар, белгиски Бриж како и полската Легија Варшава повеќе од доволно зборуваат за фудбалското богатство кое зад себе го остава Тричковски.

Во моментов ја доживува својата „втора фудбалска младост“ и преку одличните игри за кипарската АЕК Ларнака, тим во кој е од 2016 година и за кој на 84 официјални настапи има 43 погодоци.

Иван Тричковски е и актуелен македонски репрезентативец. За Македонија има 54 настапи со постигнати пет погодоци.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Македонија првпат на третата позиција по едни квалификации, Николов го „тресна“ Израел
19.11.2019
Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Израел со 1-0 и за првпат еден квалификациски циклус ќе го заврши на третата позиција. Селекцијата на Игор Ангеловски квалификациите за ЕВРО 2020 ги заокружи со 14 бода.
Види детали