Левески: Фаворити сме, ќе ги победиме и Грција и Албанија

Капитенот Зоран Левески, кој има 126 натпревари во дресот на македонската футсал репрезентација,  смета дека ќе ја оправдаме фаворитската улога на турнирот во Скопје и ќе се пласираме во следната квалификациска фаза за место на СП.

Македонската А футсал репрезентација од 31. јануари до 3. февруари ги игра натпреварите од предквалификацискиот турнир за пласман во Елитна рунда квалификации на Светското првенство. Во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“, Македонија е домаќин на турнирот на кои ќе се соочиме со селекциите на Грција, Албанија и на Сан Марино.

„Македонија е фаворит на овој турнир во Скопје и ќе се обидеме таа улога да ја оправдаме. Уште повеќе затоа што првото место во групата носи пласман во втората квалификациска рунда која се игра во Украина, против домашната селекција, Словенија и уште една репрезентација која ќе избори место преку предквалификациски турнир. Сметаме дека „украинскиот пат“ е далеку подобар за нас, отколку групата на која домаќин е Романија и кадешто Казакхстан е апсолутен фаворит. Во однос на нашиот дел од работата за претстојниот турнир, сметам дека треба да отвориме со победа против Грција, која реално е послаба селекција, Сан Марино е аутсајдер, додека клучен за првото место би требало да биде дуелот против Албанија. Иако според рејтинг се послаби од нас, треба сериозно да ги сфатиме бидејќи имаат квалитетни играчи, двајца во италијанската втора лига, но се надевам дека ќе одиграме зрело и организирано и ќе стигнеме до зацртаната цел, а тоа е прво место во групата“, изјави Левески за официјалниот сајт на ФФМ.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Муслиу: Елиминацијата боли, но мораме да ја „излечиме“ со победи
17.07.2019
Шкендија е елиминирана уште на стартот од квалификациите во Лигата на шампионите. Загуби на домашен терен во Скопје од Номе Калју со 1-2 на домашен терен, па не помогна ниту триумфот (0-1) на првиот натпревар во Талин.
Види детали