Убедлива победа над Сан Марино: Македонија обезбеди главна фаза од квалификациите за СП

Македонската футсал репрезентација сосема очекувано славеше убедлива победа од 7-0 против Сан Марино во 2. коло од Групата Ц во претквалификациите за пласман на СП. На тој начин, и по вчерашната победа над Грција, Македонија обезбеди најмалку второ место во групата и место во главните квалификации за пласман на СП.

Без никакви проблеми избраниците на Иван Божовиќ денеска во малата сала во „Јане Сандански“ си ја обезбедија победата. Стрелци за македонскиот состав беа Зибери во 2. минута, Крстевски во 3. минута, Глигоров во 5. минута, Сефери во 7. минута, Андов во 14. минута, а во второто полувреме стрелаа уште Леовски во 22. минута и Левески во 27. минута од средбата.

Во првиот денешен дуел Албанија со 5-3 славеше против Грција со што е јасно дека Македонија и Албанија, иако веќе обезбедија место во главната фаза од квалификациите за СП, в недела, 3. февруари, од 20 часот ќе го играат одлучувачкиот натпревар за првото место во групата.

Ако Македонија в недела ја победи Албанија, тогаш ќе игра во Групата 2 од главната квалификациска фаза заедно со домаќинот на квалификациите Украина, Словенија и второпласираната селекцијата од претквалификациската Група Б, Косово или Норвешка.

Натпреварите од главната квалификациска фаза ќе се играат од 22. до 27. октомври. Потоа најдобрите две репрезентации од главната квалификациска фаза ќе обезбедат место во елитните квалификации за СП 2020.

Промовирај се

Пополнете ја оваа форма за пријава во која доброволно внесените податоци ќе ви помогнат да се претставите и да бидете препознаени од квалитетен клуб.
Муслиу: Елиминацијата боли, но мораме да ја „излечиме“ со победи
17.07.2019
Шкендија е елиминирана уште на стартот од квалификациите во Лигата на шампионите. Загуби на домашен терен во Скопје од Номе Калју со 1-2 на домашен терен, па не помогна ниту триумфот (0-1) на првиот натпревар во Талин.
Види детали