Connect with us

Футсал: Арбен Бајрами и Карадаку вечерва во битка за куп-трофејот

Футсал тимовите на Арбен Бајрами и Карадаку вечерва во спортската сала „Автокоманда“ во Скопје ќе ги одмерат силите во финалето од Купот на Македонија.


Двете екипи ќе се борат за својот прв трофеј во натпреварувањето. Шкупи е последниот освојувач на пехарот во Купот на Македонија во футсал.

На патот до финалето, КМФ Арбен Бајрами во осминафиналето забележа победа од 3-2 против КМФ Астибо, во следното коло со убедливи 8-2 славеа против КМФ Железарец, додека во полуфиналето беа подобри од актуелниот првак, Шкупи со 9-8.

Карадаку во осминафиналниот меч го победи Црешово топче со 7-3, а славеше со 7-2 против Велес со дуелот од четврфиналето. Убедлива победа остварија во дуелот против Шкендија, 9-4 во полуфиналето.

Финалето е закажано во 21 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови