Академија Пандев загуби на домашен терен (0-1) од Ренова и грчевито се бори за да ги избегне последните позиции на табелата. Во струмичкиот тим не се задоволни од арбитражата на судијата Стојанче Трпчевски кој, според нив, бил пратен со мисија да им наштети.
„Пораз од 0-1 против екипата на Ренова. Против еден противник можеби и ќе се боревме, но не бевме моќни и против судијата Стојанче Трпчевски кој денеска беше дојден/пратен во Струмица со цел да и наштети на Академија Пандев. Не бараме алиби за слабите резултати оваа сезона, но се доведуваме во ситуација да размислиме дали милионските вложувања на нашиот сопственик во македонскиот фудбал се правилна одлука. За македонскиот фудбал да оди напред, мора работите да се менуваат од корен…“, истакнаа од Академија Пандев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski