ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Актуелно

Младинците на Вардар го освоија Купот на Македонија (ФОТО)

Вардар се закити со трофеј сезонава, откако „црвено-црните“ славеа во младинското финале од Купот на Македонија. За успехот да биде уште поголем, во битката за трофејот „вардарци“ беа подобри од големиот ривал Шкендија, декласирајќи го со убедливи 4-0.

Прочитај повеќе

Велинов: Ова е неверојатно чувство, ќе ја докажеме вредноста на овој тим и во Европа

Не можеше да не се забележи по синоќешното освојување на Купот на Македонија, огромната радост кај офанзивецот на Академија Пандев, Стојанче Велинов. Солзите радосници доволно зборуваа за начинот на кој Велинов го доживеа освојувањето на Куп трофејот...

Прочитај повеќе

Слава за Академија Пандев, аплаузи и за Македонија ЃП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Академија Пандев ги живее магичните моменти. Фудбалерите на Југослав Тренчовски го освоија пехарот во Купот на Македонија, прв во клупската историја, откако по голема борба славеа против Македонија ЃП. Во регуларниот дел, а и по 120 минути, резултатот беше 2-2, а потоа пенал - лотаријата застана во правецот на Струмица.

Прочитај повеќе

МИГОВИ ЗА ИСТОРИЈА: Пандев значи успех, Академијата „докторираше“ (ФОТО)

Фудбалерите на Академија Пандев го донесоа првиот историски трофеј за Струмица во Купот на Македонија. Сопственикот Горан Пандев има многу трофеи во кариерата, а неговиот клуб, проектот изграден со големо срце знаеше како да се израдува на првиот куп-пехар.

Прочитај повеќе

Академија Пандев го освои Купот на Македонија, првпат во клупската историја

Тимот на Академија Пандев е победник на 27.финале во Купот на Македонија, откако по изведување пенали славеше против Македонија ЃП со 4-2. Тоа прв куп-пехар во историјата за струмичкиот тим.

Прочитај повеќе

Популарни вести

Најнови вести

Главна вест

Џеват Елмас: За иднината на Елиф ќе одлучиме заедно со Фенербахче
24.05.2019
Во врска со големиот медиумски интерес околу можниот трансфер на Елиф Елмас и многуте шпекулации во јавноста, за првпат во јавноста, во официјален разговор за МАКФУДБАЛ се огласи неговиот татко и официјален агент г-дин Џеват Елмас.
Види детали